Грчкиот премиер Алексис Ципрас е дециден дека неговата земја може да постигне договор со меѓународните кредитори доколку тие се откажат од дел од барањата, вклучувајќи го и намалувањето на пензиите.
„Мислам дека сме многу блиску до спогодба за првичниот буџетски суфицит за следните неколку години“, вели тој во интервју за весникот „Кориере дала сера“.
Според него, треба да има позитивен однос кон алтернативните предлози што се однесуваат на намалување на пензиите или на наметнување кризни мерки.
Ципрас утре треба да се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел и со францускиот претседател Оланд за да се обидат да ја надминат безизлезната ситуација.
Откако минатата недела ги отфрли како „апсурдни“ последните предлози од ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) левичарската грчка Влада даде сигнали дека е подготвена на компромис, но и натаму ги отфрла мерките за штедење.
„Не можеме да продолжиме со програма која очигледно покажува неуспех“, изјави Ципрас.
Тој смета дека доколку Грција ја напушти еврозоната, тоа ќе биде почеток на крајот за неа.




