Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Последниот удар од „дворот“

0
By Zoran Ivanov on July 7, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 7, 2026 16:51

Само немојте да прашувате каде се криеја овие бардови на СДСМ без кои не се може минативе две години. Каде беа додека Филипче и екипата која две години му помага за консолидација на партијата и заедно ги разоткриваат сите криминали на власта само тие знаат. Во дилема сум дали да верувам дали и помагаа на партијата или дека заседнати во сенка со пуканки си гледаа сеир или им кумуваа на двата последни порази.

Жанета Ќосе

Папараци со фотографии од јахти, златни визи, африкански плантажи, кики фрики приказни, боки тредичи, купени новинари, истурени пари и пари… тоа се „политичките„ алатки на Мицкоски и неговата банда со команда од разни шефици и тајкуни за замајување на јавноста. Зачинети со брендирани луј витон ташни што исчезнуваат, поткуп и дискредитација на обвинители, се за да се сруши СДСМ. Од инаетот на – за малку пропаднатите политичари – кои решиле пеколно да се одмаздат за седумте порази. И сега последниот удар треба да му се зададе преку најновата алатка со звучно име како манипулативната Платформа 1198, но овојпат таа е 12.05. По враќањето на името, поништување на Преспанскиот дговор, промената на францускиот предлог, на ред дојдоа и оние кои што сметаат на влијанието врз незадоволните и разочарани членови на СДСМ.

И сега ним им пречел Филипче. Замислете Заев го фалат за НАТО, ама Филипче требало да си оди и да му го отстапи тронот на „мали БЦ“ кој кога ќе заседне со полна торба авторитет како универзитетски професор, поддржан од собраните „интелектуалци“ и интелектуалци околу него, со чаша виски во раката и неизбежно, со пурата, ќе ја одведе за малку пропаднатата СДСМ во нови победи. Зашто, тие немало да дозволат да пропадне! А можеле барем да бидат поинвентивни барем за името на собиранката со претенциозно име на трибина на Чатам хаус.

Само немојте да прашувате каде се криеја овие бардови на СДСМ без кои не се може минативе две години. Каде беа додека Филипче и екипата која две години му помага за консолидација на партијата и заедно ги разоткриваат сите криминали на власта само тие знаат. Во дилема сум дали да верувам дали и помагаа на партијата или дека заседнати во сенка со пуканки си гледаа сеир или им кумуваа на двата последни порази. Имам дилема и за нивните интенции и околу прашњето дали свесно се согласиле да ја преземат оваа улога. И од каде им е вербата дека со нив на чело СДСМ ќе се врати на македонската политичка сцена како победник? Од кујните на „дворот„ уортачени со власта и Мицкоски?

„Спасителите“ од Лимак, предводени од двоецот Шема кој е прв потпишан и Андреј Петров како негова сенка и „број два“, ни ги испорачаа своите добро спакувани тези за наводниот колапс на СДСМ. Со типична доза на елитистичка ароганција, нивниот наратив се сведува на следново – дека СДСМ бил доведен до историски минимум на поддршка, деградиран под Левица во Скопје, а вината ја лоцираат исклучиво во „растур системот„ на последното раководство и наводниот континуитет на лоши навики што ги донел Венко Филипче. За нив Филипче не бил ништо повеќе од реплика на Зоран Заев, кој според кујната на „дворот“ го опкружил партискиот врв со „мала група случајни луѓе“, анонимуси со „недооформено образование“, додека за главни идеолози се промовираат политички номади како Жерновски, кои претходно си ги губеле сопствените партии. Наспроти оваа „политичка неписменост„, тие ја нудат својата платформа за „вредносен њу дил„ и „интелектуализација„ на опозицијата, тврдејќи дека членството во анкетите плачело токму по авторитетот на Игор Ивановски Шема како единствениот спасител на партијата.

Но кога ќе се тргне превезот на овој нивен претенциозен „Чатам хаус“ театар, на површина избива евтиниот макијавелизам и лицемерието на оваа заборавена тајфа.

Каде беа овие „бардови“ и „бели коси“ минатите две години додека партијата крвареше на терен? Сега со накнадна памет ни солат дебати, а забораваат дека токму Петров и Шема беа внатре во тој ист Извршен одбор на партијата во двата последни порази. Уште поапсурдно е што истиот то Петров, кој наеднаш е врвен стратег, но недолжен за поразот, беше шеф на изборниот штаб во Првата изборна единица на последните избори, каде што СДСМ го доживеа најкатастрофалниот резултат во историјата! Но, за тоа, се разбира, виновен бил народот или „електронските картичи“, а никако менаџерската способност на шефот на штабот.

И додека Филипче и новото раководство се обидуваат да ја консолидираат партијата од пепелта во која што ја оставија и секојдневно ги разоткриваат криминалите на ВМРО-ОКГ, „интелектуалците„ од Лимак одработуваат класичен автогол со пета во корист на Мицкоски. Нивната наводна „грижа“ за СДСМ е само параван зад кој се крие суетата на вечните функционери, кои не може да прежалат што веќе немаат клуч од партиската каса и моќ да делегираат авторитет. Наместо суштинска критика кон криминалната власт, нивната оска на напад е свртена исклучиво кон сопствената партија. Народот убаво гледа со кого пијат кафиња, на чии родендени се сликаат и со кого и каде се шират кулоарски муабети за коалиции со ЗНАМ и ЛДП. Но немам дилема дека не станува збор за некаква платформа за иднината, туку е обичен очајнички обид на една транзициска тајфа, уортачена со олигархиските кујни, свесно да му го зададе последниот удар на СДСМ од зад грб, очајничка со надеж дека по следниот изборен дебакл партијата ќе им биде подарена на тацна.

Како финален пресек на оваа перфидна игра, неминовно се наметнува една сликовита историска аналогија. Настапите на оваа самопрогласена елита од Лимак неодоливо потсетуваат на античката измама со Тријанскиот коњ. Немоќни да ја освојат тврдината на СДСМ преку чесен и директен внатрепартиски мегдан, тие пред партиските порти подметнуваат лажен подарок спакуван во светкава хартија на наводна „интелектуализација“, „дебати“ и „платформи за спас“. Но штом ќе падне ноќта и партиското членство ќе заспие во апатија и разочараност, од утробата на тј дрвен коњ се подготвуваат да излезат истите оние транзициски суети кои одвнатре треба да ја отворат главната капија и да и ја предадат пртијата на власта на ДПМНЕ.

И како што неодамна потецираа вистинските врвни интелектуалци, време е да ги фрлиме ракавиците. Време е без ракавици и без политичка коректност работите конечно да се именуваат со нивното вистинско име. Не да ни се продаваат како конструктивна критика, туку како што е, како обична саботажа со најзадни намери на „дворот“!

 

Жанета Ќосе колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 7, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

ВЕСТИ July 7, 2026

Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна…

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.