Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вечна тема

0
By Zoran Ivanov on July 7, 2026 УДАРНО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 7, 2026 21:24

Виолета Совкаровска: Пензионерите. Нивните пензии. Мали, средни, недоволни.

Линеарно или процентуално зголемени.

Ги следат трошоците на живот или трчаат по трошоците!

Да се работи до 62, 64, 73 или до крајот на животот!

Безбројни теми.

Волку илјади, онолку илјади…

Да бидам искрена – и мене пензиќите ми шетаа по ганглии, кога се возеа безвезе, бесплатно и со кутијата шах на горњем спрату ретких аутобуса!

Ама, после, сакав да се претворам во Јапонка. Во жена што сака да заличи на цивилизирано створење, а тие ги почитуваат постарите генерации, со сите нивни блесави однесувања.

Значи, ние имаме голем општествен проблем – никаква почит кон постарите лица и нивно третирање како товар на семејствата, на градот, на државата…

А тоа се нашите стари!

Оние што ни се родители, тетки, вујни, стринки.

Оние што некогаш биле млади и ја граделе оваа држава, не скарувале кога сме беснееле, ни ги дупеле топките што им паѓале во двор…

Генерации што ни ги граделе училиштата, болниците, патиштата.

И ја имале среќата да подостарат, да се сторат пензионери.

И многу е глупаво, сега, од позиција на се уште младешка сила да ги шуткаме, да ги третираме како досадии, да им ги броиме залаците. Уште полошо е кога тоа го прават во Собранието некои бледолики ликови што се довлекле до микрофон и од таму беседат, се ценкаат и доделуваат милостина во вид на зголемена пензија.

Срамота и греота е она што се слуша!

Ние олку им дадовме, вие толку!

Море, абдали едни!

Заборавате дека вие властелините сте тие кои им ги бркаат децата во туѓина, па на овие, на кои им давате пензии “од на дедо ви грнето” им се останати по некој пар кондури што ви ги редеа на булеварот, пред владата.

На пензиќите децата им купуваат смарт телефони, за да се гледаат и бацуваат преку вибер, додека заработуваат и плаќаат даноци во други земји, на други меридијани. Додека ги полнат туѓите буџети, нашиот е како дупната вреќа и никако да излезе равенката – најмалку тројца вработени на еден пензионерчич!

Значи, 360 илјади корисници на пензија.

Камо најмалку еден милион вработени што ќе ги издржуваат?

Затоа, драги властелини, следниот пат кога ќе споменете п од пензионер, сетете се колкумина потенцијални вработени сте шутнале преку двата аеродрома и бескрајните колони автобуси!

Да бевте паметни како што се мислите себеси, ќе ве славевме како живи народни херои!

И бидејќи сте далеку од Ченеди и неговата максима да сторите нешто вие за државата, не рипајте пред микрофоните и не тресете зелени дека вие давате пензии, од зголемените!

И да си знаете, ми се гади од вас!

Затоа, кога ќе ми дојде време, не одам во пензија!

Ќе си фатам патот во швалерација!

Извор: Фејсбук

 

виолета совкаровска став
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.