Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Марта Кос: Реформи да но и уставните

0
By Zoran Ivanov on July 8, 2026 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 8, 2026 15:06

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка на Европската Унија, Северна Македонија има место, но усвојувањето на уставните измени и натаму останува неопходен услов за следен чекор во пристапниот процес, изјави на денешната заедничка прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски, еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Во сржта на пристапниот процес секако се реформите кои ќе придонесат кон попросперитетна економија и подобар животен стандард за сите граѓани. Остварувате охрабрувачки напредок и сакаме да ја поздравиме зголемената посветеност на Владата во исполнувањето на реформите. Но, усвојувањето на уставни измени останува неопходниот чекор за формално почнување на пристапните преговори. Ја охрабрувам Владата да го почне процесот што ќе донесе усвојување на уставните измени – истакна еврокомесарката Кос.

Таа повтори дека Европската Унија функционира врз доверба, а на новинарско прашање како да се изгради доверба со земја членка која не ги признава македонскиот јазик и идентитет, Кос посочи:

Довербата е важна, но како ќе ја изградиме довербата? Нема рецепти за тоа. Јас не сум онаа која може да ви дава совети за тоа како да изградите доверба со вашите соседи. Но она што го знам е дека колку повеќе доверба имате, толку полесно ќе напредувате низ пристапниот процес. Можеме да ја изградиме довербата, не само со добри зборови, туку и со добри дела, со избегнување дејства и зборови кои зголемуваат тензија, со почитување на меѓународното право, со решавање на спорови по мирен пат.

Еврокомесарката посочи дека граѓаните и компаниите веќе ги чувствуваат придобивките од приближувањето кон Европската Унија, наведувајќи дека следуваат преговори за укинување на роамингот, нови можности преку програмата „Еразмус плус“, поврзување со европските иницијативи за вештачка интелигенција, пристап до европските програми за здравство и зајакнување на сајбер-безбедноста и нагласи дека полноправното членство ќе донесе уште поголеми придобивки.

Кос истакна дека е потребен заеднички меѓупартиски консензус за Изборниот законик.

За заеднички меѓупартиски консензус за да може да имаме 100% успех, и се надевам дека тоа ќе се случи. А кога тоа ќе се случи, тоа ќе биде во полза на државата, затоа што пристапните преговори ќе се придвижат нанапред. Реформската агенда и она што го правите во Планот за раст, и од друга страна пристапниот процес, во одреден дел ќе се спојат. Северна Македонија тогаш може многу побрзо да се приклучи кон оние напредни земји – рече Кос.

Премиерот Христијан Мицкоски посочи дека очекува европската интергација да остане процес што се темели на јасни критериуми, на вредности и на исполнување на реформските обврски, а не процес оптоварен со билатерални прашања, кои создаваат неизвесност и фрустрација кај македонските граѓани.

Тој оцени дека денешната посета на Кос е можност за отворен, искрен и суштински разговор за македонската европска перспектива, за реформите што земјата ги спроведува и за потребата, како што нагласи, проширувањето да остане доследно на принципите на ЕУ – доверба, предвидливост, еднаков третман и почитување на достоинството на секоја држава кандидат.

-Верувам дека денешните разговори ќе придонесат за подобро меѓусебно разбирање и натамошно зајакнување на партнерството со ЕУ, засновано на доверба, почитување и заедничка одговорност за стабилноста и просперитетот на регионот – изјави премиерот.

 

Кос марта реформи уставни
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

ВЕСТИ July 8, 2026

Американската војска соопшти дека завршила серија напади во Иран во кои биле погодени повеќе од…

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.