Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Левица: Останувама за една изборна единица

0
By Zoran Ivanov on July 9, 2026 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 9, 2026 10:03

Додека пред меѓународните чинители Мицкоски и ДПМНЕ глумат дека Изборниот законик им е реформа за која многу силно се борат да се донесе – тие се обидуваат одговорноста за неговото недонесување да ја префрлат врз опозицијата, велат од Левица и наведуваат дека нема да се откажат од барањето за една изборна единица.

Од таму велат дека партијата која има мнозинство во Собранието, ја предводела Работната група и го предложила текстот на законот, а денес глуми неутрален набљудувач кој наводно ќе прифател сѐ што ќе се договорат опозициските партии.

„Власта не може истовремено да биде и предлагач, и арбитер, и жртва. Ако ДПМНЕ навистина смета дека една изборна единица е исправно решение, нека застане зад сопствените ветувања, наместо кукавички да се крие зад потребата опозицијата прво да се договори. Црвената линија на ДПМНЕ не е една изборна единица, еднаквата вредност на секој глас или укинувањето на изборните неправди, туку гласањето на дијаспората.

Наместо да ги бранат принципите што ќе создадат поправеден изборен модел, тие избраа да ја претворат дијаспората во политички штит зад кој ќе ја сокријат суштинската реформа. ДПМНЕ денес се однесува како со нивниот авторитарен однос и црвени линии поставени во последен момент да не е главната причина за недонесување на Изборниот законик, туку најмирна страна и негов случаен набљудувач.

Сега смислија и алиби за одржување на нивната удобност, па процесот го префрлија врз опозицијата, а доколку реформата пропадне, повторно ќе ја обвини истата таа опозиција“, велат од Левица.

Според партијата, дополнително смешно е што се покажа дека патетичните обиди на ДПМНЕ да се претстави како заштитник на дијаспората пропаднаа уште пред да започнат.

Очекуваа патриотски аплауз, а го добија спротивното. Ни дијаспората не им поверува дека преку ова одеднаш ја откриле љубовта кон иселениците. Јавноста препознаа дека темата беше извадена во последен момент како средство за одржување на статус-квото и овој модел од кои поголемите политички партии профитираат, а штетата е на сметка на Левица и граѓаните, велат од Левица.

И конечно, додаваат од партијата, јавноста има право да постави едно многу непријатно прашање. Европската Унија обезбедува околу 4 милиони евра поддршка доколку се донесе нов Изборен законик. Но, ако тој повторно не се донесе, според постојниот модел ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ВРЕДИ повторно ќе поделат околу 10 милиони евра државни средства за платено политичко рекламирање. Кога ќе се стават бројките на маса, станува многу појасно зошто некои партии се толку комотни и инсистираат процесот да пропадне, тврди партијата.

 

една избори левиза
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.