Мирко Мики Видоески: Не се плаши од писмените и неписмените. Чувај се од полуписмените. Така нѐ учеа од мали нозе и нѐ подготвуваа за живот нашите родители.
За жал, сега видовме дека полуписмените се многубројни и доминираат во Македонија! И се многу силни, гласни, нетолерантни и агресивни!
Изминативе години се уверивме во моќта на полуписмените кои хистеришат по социјалните мрежи и во секој сегмент од нашите животи и трчаат на протести и на барикадите “да ги спасат Цар Самоил, Гоце Делчев, Даме Груев и Сирма војвода да не ги присвојат Бугарите, да нѐ спасат од побугарчување, да го сочуваат македонскиот јазик, да нѐ спасат од Татарите и од Старата курва!” Прочитале, не разбрале, чуле, недочуле и упорно нѐ убедуваат дека има само само една вистина. Нивната!
Извор: Фејсбук



