Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џелал Хоџиќ: Лекцијата за Сребреница не е научена, во регионот сѐ уште се гласни фашистичките елементи

0
By Xhabir Deralla on July 14, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 14, 2026 07:22

Интервју за ЦивилМедиа.мк на Џабир Дерала со Џелал Хоџиќ, колумнист, општественик и претседател на Странката за демократска акција Македонија а по повод сеќавањето и одбележувањето на 31-годишнината од геноцидот.

Сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница не е само чин на почит кон повеќе од 8.300 свирепо убиени бошњачки мажи и момчиња во јули 1995 година, туку е и основна цивилизациска обврска на секое демократско општество. По усвојувањето на Резолуцијата на Генералното собрание на ОН во мај 2024 година, со која 11. јули се прогласи за Меѓународен ден на размислување и сеќавање на геноцидот, меѓународната заедница испрати јасна порака: вистината мора да се заштити, а негирањето да се порази.

Сепак, на Балканот, лекцијата сè уште не е целосно научена. Историскиот ревизионизам, глорификацијата на воените злосторници и институционалниот молк продолжуваат да претставуваат активна закана за мирот и соочувањето со минатото.

Со Хоџиќ разговаравме за значењето на 11 јули, за загрижувачкиот молк на државниот врв во земјава, опасностите од фашистичките идеологии кои се хранат со релативизирање на злосторствата, како и за должноста на новите генерации да изградат општества отпорни на злото.

ЦивилМедиа: Се одбележа Меѓународниот ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница. Што претставува овој ден за Вас лично, но и за бошњачката заедница во Северна Македонија?

Џелал Хоџиќ: Сребреница е најголемата трагедија која се случила на тлото на Европа после Втората светска војна. Нема зборови кои можат да ги опишат чувствата на секој човек кој се обидува да се солидаризира и да сочувствува со жртвите на геноцидот и нивните семејства. Посебно ако ги слушате сведоштвата на преживеаните. Да не говорам за тоа колку е шокантно кога ќе видите дека постојат и оние кои го негираат геноцидот или го релативизираат. Па уште и кога дел од негаторите или релативизаторите најлицемерно се претставуваат како луѓе кои зборуваат за човекови права и демократија. Се поставува прашањето – дали негаторите на геноцидот би го повториле, кога би можеле, во првата следна прилика.

Бошњачкиот народ во Северна Македонија секоја година се сеќава на жртвите на геноцидот во Сребреница. Разликата помеѓу Бошњаците кои живеат во Северна Македонија и жртвите на геноцидот во Сребреница во јули 1995 година е само географската позиција на која се наоѓале во моментот кога се случувал геноцидот во Сребреница. Жртвите на геноцидот биле жртви само затоа што припаѓале на бошњачкиот народ, а свирепо убиените имале бошњачки и муслимански имиња. Наша цел е никогаш тоа да не се заборави и никому тоа да не се повтори.

Сеќавањето на жртвите од геноцидот е и цивилизациска обврска на една демократска држава. До моментот кога ги одговарам Вашите прашања, не видов дека Претседателката на државата Гордана Силјановска, премиерот Христијан Мицкоски и Владата на Северна Македонија преку своите канали на комуникација упатиле порака за сеќавање на жртвите на геноцидот во Сребреница. Во владата на Мицкоски има министер кој во едно интервју сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“.

Ваквата пракса отвора многу прашања и домашни, и регионални …

ЦивилМедиа: Поминаа повеќе од три децении од геноцидот во Сребреница. Дали сметате дека регионот ја научи лекцијата од тоа злосторство, особено кога станува збор за соочувањето со минатото, негирањето на геноцидот и градењето траен мир?

Џелал Хоџиќ: Очигледно е дека постојат сили кои уште го негираат геноцидот и кај кои се забележува голема нервоза, уште од моментот кога Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Резолуцијата 78/282 на 23 мај 2024 година, прогласувајќи го 11 јули за Меѓународен ден на размислување и сеќавање на геноцидот во Сребреница од 1995 година.

Претставничкиот дом и Сенатот во САД уште во 2005 година, а подоцна и во 2015 и 2020 година, усвојуваа резолуции со кои злосторството во Сребреница недвосмислено се дефинира како геноцид. Европскиот парламент преку неколку резолуции, а особено онаа од 2009 година, успеа да го воведе 11 јули како Ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница на ниво на целата Европска Унија. Парламентите на Канада и Австралија, исто така, усвоија декларации кои го вклучија сребреничкиот геноцид во образовните програми и официјалните календари на сеќавање.

Вакви резолуции беа усвоени и во парламентите на Црна Гора, Северна Македонија, Хрватска, Косово и Албанија, со што се создаде еден вид „цивилизациски круг“ околу Босна и Херцеговина, во кој геноцидот се признава како заедничка болка и опомена.

Ние гледаме како демократските сили и во Србија го негуваат сеќавањето на геноцидот во Сребреница. Постојат повеќе политички партии, невладини организации, граѓански иницијативи и интелектуалци кои секоја година упорно повикуваат на соочување со минатото по ова прашање во Србија.

Оваа година во Белград беше претепан писателот Владимир Арсенијевиќ, кој сакал да го исчисти просторот на кој било планирано во Белград да се одржи комеморација за жртвите на геноцидот во Сребреница.

Заклучокот е дека во регионот има уште многу гласни фашистички елементи за да кажеме дека лекцијата е научена.

ЦивилМедиа: Во време кога повторно сме сведоци на војни, масовни страдања и ширење говор на омраза по етничка и верска основа, колку е важно да се зачува историската вистина за Сребреница и каква улога имаат политичките и општествените актери во тој процес?

Џелал Хоџиќ: Важна е. Последна фаза од геноцидот е неговото негирање. Една голема победа е дека сеќавањето на жртвите од геноцидот од Сребреница е дел од институционалната меморија во ОН, САД, ЕУ, Канада, Обединетото Кралство, Австралија и цивилизираниот свет.

Лоша вест е дека фашистичките идеологии сѐ уште се хранат со негирањето на геноцидот во Сребреница, како и други страшни злосторства со разни лажни теории. И јасната интенција на оправдување на злото.

Важно е да се сеќаваме, со тоа се намалуваат шансите да се повтори.

ЦивилМедиа:Каква порака би сакале да им упатите на младите генерации во Северна Македонија и пошироко, кои немаат лично сеќавање на ужасните настани од јули 1995 година?

Џелал Хоџиќ: Тоталитарните идеологии низ историјата имаат нанесено многу зло. Многу лесно прикриеното зло може да добие своја автентична форма во секое општество. Младите преку образовните процеси мора да бидат подготвени да бидат одговорни чинители во своите општества, во кои треба да се почитуваат човековите права, а институциите да имаат еден хуманистички пристап кон сите граѓани, со цел да се воспостави превентива некое зло да добие општествена форма.

Демократијата не е совршена, но досега не е измислен подобар систем. Младите треба да сонуваат за совршен свет, а во себе да ја носат солидарноста со обесправените, слабите, маргинализираните, сиромашните.

Младите мора да ја продолжат борбата за слободни и еднакви општества, каде секој поединец ќе има еднаква шанса. Без разлика на боја на кожа, вера и нација.

До тогаш, ние мора со пример да им покажеме на младите дека и ние веруваме и се бориме за истото.

ЦивилМедиа: Навистина, евидентна е нервозата и агресијата што ги предизвика етаблирањето на Меѓународниот ден за сеќавање на геноцидот во Сребреница кај одредени режими во регионот, но и пошироко во редовите на националистите и фашистите. Колку е важна оваа меѓународна потврда како одговор на тие политики?

Џелал Хоџиќ: Има огромно позитивно значење. Оваа година на 11 јули во просториите на Обединетите нации се зборуваше за важноста за сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница. Самата резолуција поттикнува да низ образовни програми во државите поединечно се наоѓа начин да се влечат поуки од геноцидот во Сребреница.

Самата усвоена резолуција е пораз и за авторитарните режими на Вучиќ и Додик, кои за негирањето на геноцидот имаа подршка од диктаторот Путин, кој во овој момент спроведува агресија врз Украина.

Текстот е сопстевност на ЦивилМедиа.мк

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 14, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

ВЕСТИ July 14, 2026

Во Брисел денеска се одржуваат четири меѓувладини конференции за пристапување во Европската Унија, што претставува…

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026

Мицкоски смени 8 министри

July 13, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.