Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Граѓани 

0
By Нова ТВ on March 12, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 12, 2013 12:01

Неколкумина ентузијасти, два веб портали и единствена желба- да им се врати гласот на граѓаните, да се чујат нивните размислувања, потреби и проблеми во време кога овој глас останува на маргините.

Нова ТВ и Радио Моф, започнуваат заеднички проект за развој на граѓанското општество. Целта е не само декларативно, туку реално да се обидеме да  ги допреме вистинските проблеми на луѓето околу нас,  да ги раскажеме нивните животни приказни и да се обидеме да најдеме решение за подобро утре.

Да, тоа ќе значи истовремено и разбивање на илузијата за совршеното демократско општество која можеби сакаат да ни ја продадат политичарите, но доаѓа време кога и тие ќе треба да се спуштат на „земја “ и да разберат дека постојат за да ги бранат интересите на своите гласачи, а не спротивното.

Транзицијата и тапкањето во место ги умори македонските граѓани, станаа апатични и уверени дека немаат никаакво влијание врз општествените случувања. Постои страв од јавно говорење, но и силен револт од нештата кои не туркаат кон бездна. Општеството е поделено, но проблемите се исти, граѓански, човечки.

Свесни сме дека овој проект нема да предизвика револуционерни промени, но остануваме уверени дека наша должност е да работиме на промена на перцепцијата кај обичните луѓе, да ги охрабриме граѓанските здруженија и да бидеме гласот на оние кои немаат друг избор, освен да молчат.

Овде ќе може да се слушнат студентите, екологистите, ЛГБТ заедницата, сексуалните работници, борците за човекови права, хуманитарните работници но и размислувањата на нашите соседи, пријатели или познаници кои сакаат поубава населба, почист воздух, подобри болници или училишта..

Затоа и ги повикуваме невладините организации, формални и неформални граѓански здруженија, но и сите граѓани кои имаат идеи, проекти, активности и желба за подобро живеење, заедно да соработуваме и да се бориме против неправдите и дискриминацијата.
Сите текстови, аудио и видео прилози ќе може да се најдат во делот „Граѓани“ на Нова ТВ и на сајтот на Радио МОФ.

Се надеваме на долга и успешна соработка, но и на промени кои допрва ќе се случуваат во  нашето општество.

Почмуваме од луѓето на маргините на кои најмалку им се слуша гласот во јавноста. Во првиот  прилог во нашата нова рубрика ГРАЃАНИ го пренесуваме гласот на “Проститутката” Мила.

Јасмина Јакимова

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

ВЕСТИ June 25, 2026

Венецуела се соочува со една од најтешките природни катастрофи во последните години, откако два силни…

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.