Берлион: Абдул Б. (21) е мртов. Мажот осомничен за извршување на напад со комбе во близина на Парадата на гордоста во Берлин беше убиен за време на полициска операција
Инцидентот се случи во населба во округот Шпандау. Според полицијата, за време на претресот, тој со нож се впуштил кон полицајците, по што бил застрелан. Обидите за реанимација биле неуспешни.
Тој се бараше од минатата вечер, 25 јули, кога наводно со бело комбе се упатил кон толпа луѓе во близина на паркот Тиергартен во Берлин за време на Парадата на гордоста. Додека бегал од местото на настанот, тој потоа нападнал луѓе со остар предмет, веројатно со мачета. Една жена загинала во нападот, а 29 лица биле повредени, од кои некои сериозно – иако никој не е во животно загрозувачка состојба.
Полицијата претходно соопшти дека Абдул Б. им бил познат на органите и дека се сметал за дел од исламистичкото милје како „симпатизер“ на Исламската држава. Тој бил германски државјанин со либанско потекло.
Полицијата го окарактеризира инцидентот во Берлин како „напад“, додека министерот за внатрешни работи Александар Добринт зборуваше за „терористички напад“.
Во низата реакции од политичари и од квир-заедницата, нападот беше опишан како удар врз слободата и отвореното општество.
Нападот се случи синоќа, кога белиот минибус кој го возел напаѓачот влетал во толпа луѓе во паркот „Тиргартен“, во близина на трасата на која се движеле учесниците на „Прајдот“.



