Денеска се одбележува десет години од убиството на Зоран Ѓинѓиќ со поворка од Теразије до Алејата на великаните на Новите гробишта каде што граѓаните ќе му оддадат почит на првиот демократски премиер на Србија.
Членовите на Валадата предводени од Ивица Дачиќ, ќе положат цвеќе на спомен плочата на Зоран Ѓинѓиќ во дворот на Владата.
Поранешниот српски премиер пред 10 години беше убиен пред седиштето на Валдата, а виновни за атентаот се прогласени некогашниот командант на Единицата за специјални операции Милорад Улемак Легија, како и водачот на криминалниот „Земунски клан“ Душан Спасоевиќ и Миле Луковиќ.
Ѓинѓиќ беше првиот премиер на Србија по падот на Слободан Милошевиќ во 2000 година и по доаѓањето на власт на Демократската опозиција на Србија.