Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ампутирани души

0
By Zoran Ivanov on July 30, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 30, 2026 22:18

Ампутираната душа не е човек што престанал да чувствува. Тоа е човек што престанал да го препознава другиот како човек.

Бенита Белешкова

Понекогаш мислам дека човештвото е најуспешната фабрика за ампутации во историјата. Не на раце и нозе. На души.

На раѓање сите доаѓаме од истиот извор. Некој го нарекува Бог, некој Космос, некој Универзална свест. Името не е важно. Важно е дека никој не пристигнува како туѓинец. Сите сме една иста светлина што привремено носи различни лица.

Потоа почнува спектаклот.

Едни собираат пари како да можат да ја поткупат смртта. Други собираат титули како да ќе ги понесат со себе на оној свет. Трети собираат навреди, завист и страв како ретки уметнички експонати. И колку повеќе собираат, толку повеќе губат. Не телото. Душата.

Најстрашната ампутација е онаа што не боли. Човекот продолжува да оди, да работи, да се смее, да објавува фотографии од одмор и мотивациски цитати. Однадвор изгледа сосема функционално. Само што повеќе не чувствува туѓа болка. Не чувствува восхит. Не чувствува благодарност. Светот за него станува пазар, а луѓето му се средства. Сè е пресметка: „Што добивам јас?“

Ампутираната душа не е човек што престанал да чувствува. Тоа е човек што престанал да го препознава другиот како човек.

Великодушноста никогаш не била трговија. Не е инвестиција што чека камата, ниту реклама за сопствената добрина. Таа не очекува аплауз, затоа што самото давање е награда. Кога помагаш без да водиш сметка, не губиш нешто свое  туку откриваш дека никогаш не било само твое.

Колку повеќе се браниш од светот, толку повеќе се намалуваш.

Колку повеќе го прошируваш срцето, толку повеќе растеш.

Желбите во материјалниот свет ни се како црна дупка. Денес нов автомобил. Утре поголем стан. Потоа признание. Потоа уште признание. Потоа да бидеме поважни од соседот.

На крајот целиот живот се претвора во бескрајно хранење на апетит кој никогаш не кажува „доста“. И тука човекот станува ампутирана душа  ама не затоа што е осиромашен, туку затоа што е гладен, иако масата му е преполна.

Не сме изолирани суштества фрлени во вселената. Ние сме самиот универзум што за миг станал свесен за себе. Секој човек што ќе го повредиме е уште една рана на истото тело. Секое добро што ќе го направиме е клетка што му помага на организмот да оздрави.

Но егото не сака да го слушне тоа. Егото сака да биде посебно, поважно, да ги потчини и искористи сите околу себе. Дури и кога нема против кого. Во тие моменти потсетува на луѓе што градат совршени теории за животот, а забораваат да живеат. Се плашат од смртта, а не забележуваат дека секој ден умира по едно парче од нивната човечност.

Ампутирана душа е душа што ја изгубила способноста за сочувство.

Таква душа е совест што повеќе не разговара сама со себе.За жал истата е живот во кој средствата станале поважни од целта.

Можеби затоа најголемото богатство не е колку имаме, туку колку простор има во нас за другиот човек.

Кога ќе престанеме да бидеме само апетит, почнуваме да стануваме луѓе.

Дури кога ќе престанеме да се прашуваме што ќе добиеме, почнуваме да откриваме што можеме да подариме.

А кога ќе сфатиме дека сите сме различни бранови на истото море, исчезнува потребата да се докажуваме еден на друг.

Никој не бара од нас да бидеме маченици. Треба да се грижиме за себе. Но ако светот ни завршува на границите на сопственото его, тогаш живееме во многу мала соба и погрешно ја нарекуваме универзум.

Човекот не станува голем кога ќе ја прошири својата куќа.

Станува голем кога ќе ја прошири својата свест.

Тоа е разликата помеѓу целосната и ампутираната душа.

Едната живее само за себе.

Другата знае дека не завршува во границите на сопственото тело, туку дека продолжува во секое добро што ќе го направи и дека е дел од целината.

Кога во едно општество има повеќе цели отколку ампутирани души, тоа не се гледа во големината на зградите, туку во квалитетот на животот. Таквите луѓе градат држави во кои владеат доверба, правда и достоинство. Не е случајно што земји како Финска често се вбројуваат меѓу најсреќните во светот а среќата не се гради само со богатство, туку и со меѓусебна одговорност.

 

бенита белешкова колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.