Лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун се заканува дека ќе го збрише најзападниот дел на Јужна Кореја, и им дал до знаење на првите борбени редови да се подготват за војна.
Во меѓувреме САД го предупредува Пјонгјанг дека ќе направи се во своите воени можности и дека ќе одговори на сите предизвици да ја заштити Јужна Кореја.
Најзападниот дел на Јужна Кореја за кој лидерот на Севернокорејците се заканува, има своја историја на конфликти помеѓу двете Кореи, пред потпишувањето на договорот за стабилност во 1953 година.