Published: Saturday, June 13, 2015 11:53
Рускиот претседател Владимир Путин денеска се сретна со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган на маргините на церемонијата за отворање на Европските игри во главниот град на Азербејџан, Баку. На разговорите зад затворени врати се очекува да било дискутирано за сириската криза и за енергетски прашања, вклучително и за плановите за изградба на гасовод од Русија до Турција. Зборувајќи пред средбата, двајцата претседатели го коментираа отсуството на европските лидери на вчерашната церемонија за почеток на Европските игри поради критиките за кршење на човековите права во Азербејџан.
Извор: Радио Слободна Европа




