Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦИВИЛ: Реакцијата на Владата за величењето на Младиќ е селективна и недоволна

0
By Xhabir Deralla on September 1, 2026 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 1, 2026 11:44

Задоцнетиот и селективен одговор за величењето на Ратко Младиќ не е доволен; ЦИВИЛ бара разрешувања, институционални постапки и утврдување евентуална кривична одговорност

Одговорот на Владата на Северна Македонија на величењето на правосилно осудениот воен злосторник Ратко Младиќ е задоцнет, селективен и недоволен, оцени ЦИВИЛ во вчерашното соопштение, во кое побара конкретна политичка, институционална и правна одговорност.

Владата, во став пренесен во дел од медиумите, соопшти дека објавата на директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Далибор Китановиќ, е негов личен став и дека е неприфатлива. Од него беше побарано да ја повлече објавата, а доколку не се согласува со владините политики – да се повлече од функцијата. Владата притоа потврди дека нејзината позиција се темели на меѓународно утврдените правни факти, според кои Младиќ е правосилно осуден за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства.

Според ЦИВИЛ, тоа претставува само делумно оградување, а не формален и целосен институционален одговор. Особено е неприфатливо што на Китановиќ му се остава можност да ја задржи функцијата доколку едноставно ја избрише или повлече објавата.

„Повлекувањето или бришењето на објавите не ја поништува одговорноста. Глорификацијата не престанува да биде глорификација откако ќе биде избришана од социјалните мрежи“, се наведува во соопштението на ЦИВИЛ.

Одговорот на Владата, исто така, не ја опфаќа објавата на Демократската партија на Србите во Македонија – ДПСМ, со која Младиќ беше претставен во позитивен и херојски контекст. Не е отворено ниту прашањето за политичката и институционалната одговорност на министерот Иван Стоиљковиќ, кој истовремено е претседател на ДПСМ.

За ЦИВИЛ, не станува збор за приватни мислења на маргинални поединци. Китановиќ раководи со државна институција задолжена за остварување и заштита на правата на заедниците, додека Стоиљковиќ е министер во Владата и лидер на партија што е дел од владејачката коалиција.

ЦИВИЛ бара Владата, на формална седница, јавно и недвосмислено да го осуди величењето на Ратко Младиќ, како и негирањето, минимизирањето и оправдувањето на злосторствата за кои тој е осуден.

Од премиерот Христијан Мицкоски се бара да покрене постапка за разрешување на Китановиќ, а од надлежните институции и обвинителството – да ја испитаат неговата законска одговорност. Организацијата бара да се утврди и политичката и институционалната одговорност на Стоиљковиќ и да се покренат соодветни постапки за негово разрешување и евентуална законска одговорност.

ДПСМ, според барањата, треба да ја повлече спорната објава, јавно да им се извини на жртвите и недвосмислено да ги признае правосилните меѓународни пресуди.

ЦИВИЛ ги повикува ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, како и другите партнери во владејачката коалиција, своите јавни осуди да ги претворат во конкретни политички одлуки и да покажат дека за глорификација на воени злосторници нема место во Владата.

Од Јавното обвинителство се бара да отвори предмет и да утврди дали објавите ги исполнуваат законските обележја за кривична одговорност според член 407-а од Кривичниот законик и другите релевантни прописи. Тоа подразбира институционална проверка и постапка, а не политичко утврдување вина однапред.

ЦИВИЛ ги поздрави јавните осуди од СДА Македонија, СДСМ, ВЛЕН, ДУИ и ЛДП, но нагласи дека партиските соопштенија не можат да ја заменат формалната одговорност на Владата и надлежните институции.

Во целосното соопштение, ЦИВИЛ ја разгледува и пошироката регионална и меѓународна димензија на глорификацијата на Младиќ, улогата на политичката пропаганда и историскиот ревизионизам, како и потребата од заштита на независните медиуми, граѓанското општество и бранителите на човековите права.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.