Published: Tuesday, June 16, 2015 11:27
Насир ал-Вухајши е убиен минатиот петок во напад со беспилотно летало изведен во Јемен, објави американската телевизија CNN. Тој беше еден од главните водачи на групацијата Ал Каеда на Арапскиот полуостров (AQIP).
„Доколку тоа е вистина, станува збор за воздушен удар“, изјавил за CNN независниот сенатор од американската сојузна држава Меј, Ангус Кинг.
Ал-Вухајши е по потекло од Јемен, од каде што избега во 2006 година, а во 2009-та го презема раководењето со силите на Ал Каеда на Арапскиот полуостров. Претходно беше личен секретар на убиениот основач на организацијата, Осама бин Ладен.




