Published: Wednesday, June 17, 2015 19:07
Рамуш Харадинај e уапсен на аеродромот во Љубљана по налог за апсење од Србија од 2006 година.
Според соопштението, неговата партија по апсењето побарала словенските власти да го ослободат Харадинај и да му дозволат да патува за Приштина. Според партијата, налогот за апсење на Харадинај не е валиден. Харадинај беше премиер на Косово од декември 2004 до март 2005 година.
Рамуш Харадинај, поранешен командант на УЧК е актуелен претседателот на Алијансата за иднина на Косово.




