Published: Wednesday, June 24, 2015 09:40
Францускиот весник „Либерасион“ и порталот „Медијапар“ објавија дека Американската Национална безбедносна агенција ги шпионирала француските претседатели Жак Ширак, Никола Саркози и Франсоа Оланд во периодот од 2006 до 2012 година, или еден месец откако Оланд ја презеде функцијата од Саркози. ПОкрај претседателите, прислушкувани биле и министри и францускиот амбасадор во САД. Прислушуваните разговори меѓу другото се однесувале на грчката должничка криза и односите со Германија. Претседателот Оланд за денеска свика итен состанок на националниот советот за безбедност во врска со документите на Викиликс.




