Published: Friday, June 26, 2015 12:39
Непознати лица разнесле контејнери со гас во зградата на фирма во „Сен-Кент-Фалавие“ во Гренобл, соопштува „Ројтерс“. На местото има една жртва и неколку повредени, посочуваат извори од полицијата.
Француски медиуми објавија дека на местото на нападот е најдено обезглавено тело.
Нападот го извршил напаѓач кој носел знаме со исламистички написи. Тој влегол во фабриката и поставил неколку помали експлозивни направи, соопштуваат официјални лица. Напаѓачот потоа бил уапсен и им бил познат на разузнавачките служби.
Нападот доаѓа на речиси шест месеци од исламистичките напади во Франција кои започнаа со нападот на сатиричниот весник Шарли Ебдо.




