Вкупно 39 луѓе се убиени, 18 се ранети од кои двајца се наоѓаат во критична состојба во терористички напад во летувалиштето Сус во Тунис. Пред да го убие полицијата напаѓачот го сокрил оружјето во чадор за сонце, пренесуваат странските агенции.
Вооружената група „Исламска држава Ирак“ и „Левент“ја преземаа одговорноста за нападот кој беше извршен вчера пред хотелот.
Седум од повредените се од Тунис, 25 од Британија , тројца од Белгија, еден од Украина, една жена од Русија и уште еден убиен се уште не е идентификуван, соопшти портпаролот на Министерството за здравство Чокри Нафи.
Владата на Ирска потврди денеска дека една ирска болничарка е убиена во нападот додека се сончала на плажата.
Германската канцеларка Ангела Меркел разговарала денеска со претседателот на Тунис, Беиди Каиб Есебсиџу и ветила поголема сосработка со земјата во борбата против тероризмот.
На одмор во Сус синоќа отпатуваа 67 туристи од Србија. Тоа се половина од 130-те туристи кои требало да заминат на одмор во познатото одморалиште бидејќи втората половина се откажале. Нема информации дали таму има македонски туристи.



