Published: Sunday, June 28, 2015 10:38
Експлозија во воден парк во Тајван повреди 500 лица од кои 200 се потешко повредени.
Несреќата се случила кога обоениот прашок фрлен врз присутните на еден концерт се запалил. Лицето одговорно за настанот и четворица негови соработници се уапсени за нарушување на правилата на јавната безбедност а паркот беше веднаш затворен.
Според полицијата бројот на повредените лица се зголемува.
“Оваа експлозија и пожарот најверотно се случија поради фрлањето обоена прашина која најверојатно се запалила од топлината на спотовите на сцената”, вели портпаролот на пожарникарите во општината Нов Таипеи.



