Published: Sunday, June 28, 2015 19:26
Досега во пакистанскиот град Карачи починаа 1.233 лица како последица на топлотниот бран. Од 20 јуни до сега во болниците се примени околу 65 илјади лица кои имале тополотен шок.
Tемпературите во градот сега се пониски, за разлика од минатата недела кога беа 45, сега се движат околу 34 степени Целзиусови.
– Благодарејќи на брзата реакција на властите и медицинските установи, ситуацијата во последните денови се подобрува, па на лекување во локалните болници во моментов има само нешто околу две илјади лица, истакна Боздар Мохамад, директор во Управата за вонредни ситуации.




