Луксембург денеска го презема шестмесечното претседавање со ЕУ од Летонија, што ќе биде 12-ти пат оваа земја да претседава со Унијата откако е воведен ротирачкиот систем.
Претседавањето, како што е најавено, ќе се заснова врз седум столбови: поттикнување на растот, инвестиции и вработување, продлабочување на социјалните димензии на ЕУ, управување со миграциите, фокус врз дигитализација на единствениот пазар, промоција на конкурентноста, одржливиот развој и јакнење на улогата на Унијата на глобална сцена.
Меѓу приоритетите за следните шест месеци Луксембург го нема ставено проширувањето на ЕУ.
Официјално претседавањето ќе започне на 3 јули со повеќе манифестации во Луксембург, каде за време на викендот ќе се одржат културни настани во кои ќе учествуваат претставници од сите 28 членки на ЕУ.
Од 1 јануари 2016 година претседавањето со ЕУ ќе го преземе Холандија.




