Published: Wednesday, July 1, 2015 11:12
САД и Куба, отвораат амбасади во Вашингтон, односно Хавана откако кон крајот на минатата година објавија дека ги зацврстуваат односите.
Се очекува претседателот на САД, Барак Обама и американскиот државен секретар Џон Кери денеска да дадат изјава во врска со ова прашање.
САД и Куба во декември ги објавија плановите за обновување на дипломатските односи и досега водеа преговори за отварање на амбасадите.




