Лидерот на најголемата грчка опозициска партија Нова демократија – Андонис Самарас, во телевизиско интервју остро го критикуваше премиерот Алексис Ципрас обвинувајќи го за затворање на банките во Грција.
Самарас истакна дека Грција во моментов е во најлоша позиција во последната деценија, без европска безбедносна мрежа и со затворени банки, а има и проблеми со исполнување на основните обврски кон граѓаните.
Грчката економија била на патот на закрепнување, пред партијата на радикалната левица „Сириза“ да дојде на власт. Ова го изјавил генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард во интервју за „Ројтерс“.
Таа сепак не го критикува директно премиерот Алексис Ципрас, но истакнала: „Грција треба прво да ја реформира својата економија пред европските кредитори да го олеснат нејзиното барање за долговите“.
По повод најавениот во недела референдум во Грција, Лагард изјавила дека е во тек демократски процес, кој би требало да доведе до поголема сигурност за одлуката на грчкиот народ и каков е кредибилитетот на владата.




