Односите помеѓу САД и Русија се клуч на стабилноста во светот, стои во пораката која рускиот претседател Владимир Путин му ја упати на својот американски колега Барак Обама по повод националниот празник на САД.
Путин повикува исто така на дијалог базиран врз “еднаквост и почит”.
Во пораката Путин вели дека односите помеѓу двете земји се “клучен фактор за да се обезбеди стабилност и безбедност во светот и покрај сегашните недоразбирања”, стои во пораката.
“Русија и САД се способни да најдат решениа за најтешките меѓународни проблеми и на ефикасен начин да го пресретнат заканите и предизвиците во светот”, пишува Путин и додава дека “дијалогот и принципите на еднаквост и заедничка почит се во интерес на секој”.
Русија и САД се во конфликт пред се околу украинското прашање. Вашингтон ја осудува анексијата на Крим од страна на Русија. Москва исто така смета дека токму САД правеле пресија врз Европа за да воведе санкции кон Русија. Од Москва доаѓаат пораки на влијателни воени функционери кои ја обвинуваат САД дека сака да ја уништи Русија со присуството на НАТО во источна Европа.




