Мерки на штедење за европска иднина, гласајќи „За“ или глас „Против“ во полза на идеите на грчкиот премиер Алексис Ципрас. Грција денеска гласа на референдумот кој може да биде од историско значење за земјата.
Грците гласаат дали ги прифаќаат рестриктивните мерки за штедење, во замена за странска финансиска помош за спасување на стопанството.
>> Грците поделени пред референдумот
Гласачките места денеска се отворени во седум часот наутро, и ќе останат отворени до 19 часот, а првите резултати се очекуваат околу 21 часот.
Прашањето на референдумот инициран од Ципрас, гласи: „Дали да се прифати нацрт договорот што го претставија Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд на средбата на Еврогрупата на 25 јуни 2015 и кој се состои од два документи и сочинува единствен предлог? Првиот документ е насловен Реформи за довршување на актуелната програма и по неа, а вториот Прелиминарна анализа на одржливоста на долгот“.
Според податоците на грчкото министерство за финансии, вкупниот износ на долгот на Грција на 1 април годинава изнесувал 312,7 милијарди евра.




