Published: Sunday, July 5, 2015 13:05
Претседателот на Тунис, Бежи Каид Есебси прогласи вонредна состојба во земјата по речиси една недела од нападот на вооружени лица кои на популарно туристичко место убија десетици луѓе.
Во телевизиско обраќање до нацијата тој изјави дека одлуката била донесена по разговорите со парламентарниот спикер и премиерот. Вонредната состојба ќе трае 30 дена.
Според Есебси, мерката била донесена поради исклучителната ситуација низ која поминува земјата по последниот терористички напад и постојаните закани.




