Околу 10 милиони Грци денеска на референдум гласааа за планот на Владата предводена од премиерот Ципрас или за предлогот на меѓународните кредитори за решавање на должничката криза, а анкетите покажуваат благо водство за опцијата НЕ, со која се вели не- за Европа.
Повеќе европски политичари сметаат дека грчкото „не“ ќе ја загрози положбата на Грција во еврозоната, други пак се оптимисти за понатамошни преговори. Грција треба да и каже „ДА“ на Европа, порача, поранешниот грчки премиер Андонис Самарас.
Експертите коментираат дека Грците денеска се соочуваат со две подеднакво болни перспективи – долгогодишни рестриктивни мерки за штедење, или можен излез на земјата од еврозоната.
-Никој не може да ја игнорира пораката на одлучност на народот кој ја зема судбината во свои раце, рече Ципрас откако гласаше на референдумот во основното училиште „Димотика“ во Атина.
„Политиката на Сириза ја води Грција кон пропаст. Јас денеска и кажав ДА на Европа“, изјави Андонис Самарас, поранешен премиер на Грција




