Со скоро сите пребројани гласови, резултатите од грчкиот референдум покажуваат дека гласачите одлучно ги ги одбиле условите за меѓународна финансиска помош.
Бројките објавени од страна на Министерството за внатрешни работи покажуваат дека речиси 62% од оние чии ливчина биле пребројани, глсале “Не”, наспроти 38% гласови “Да”.
Владејачката СИРИЗА имаше кампања за “Не”, велејќи дека условите за финансиска помош беа понижувачки.
Нивните противници предупредија дека тоа би можело да значи дека Грција ќе биде исфрлена од еврозоната.
“Денес ја славиме победата на демократијата, но утре сите заедно ќе продолжиме, за да ги завршиме националните напори за излегување од оваа криза”, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас во телевизиското обраќање.
Грчките владини претставници инсистираа на тоа дека “не” ќе ја зајакне нивната позиција и дека тие можат брзо да постигнат договор за свежо финансирање и да ги продолжат преговорите.
Грчките банки ќе бидат повторно отворени од вторник, велат тие.
Реагирајќи на резултатите , грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис го нарече “големото Да за демократска Европа”.
Тој рече дека Грција ќе биде “позитивна” во преговорите со доверителите.




