Откако референдумот во Грција заврши во полза на посакувањата на грчката влада, грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, неочекувано, соопшти дека се повлекува од функцијата.
Илјадници Грци прославуваа на улиците по гласањето, но европските претставници предупредија дека тоа би можело да значи дека Грција ќе биде исфрлена од еврозоната.
Некои од членовите на Еврогрупата му ставиле јасно до знаење на Варуфакис дека би претпочитале тој веќе да не учествува на нивните средби, соопшти Јанис Варуфакис денеска на својот интернет блог.
„Со грордост ќе го носам гнасењето на кредиторите“, напиша Варуфакис. Во саботата тој во едно интервју ги обвини кредиторите за „тероризам“ и ги обвини дека притискаат за опцијата „да“ на референдумот со што би можеле и „натаму да ги понижуваат“ Грците.
Според Варуфакис, неговото заминување од страна на премиерот Алексис Ципрас се оценува како „потенцијално од помош“.
Во меѓувреме, еврото падна во одборот во азиските пазари.




