Парламентот на Унгарија, денеска ги усвоил измените во Законот за азил со кој се заоструваат правилата, и се дава правна основа за подигнување ограда долж границата со Србија, за да се спречи бранот илегални мигранти, објавува „Дејли Сабах“.
Со законот се скратува периодот за проверка на азилантите, а на Будимпешта и се дава можност да отфрла барања на азиланти од Сирија, Авганистан или Ирак кои претходно минале низ некоја безбедна држава.
Овие измени, претходно беа оспорувани од Агенцијата за правата на бегалците при ОН, УНХЦР и Советот на Европа, оценувајќи дека со тоа би се влошиле правата на бегалците кои бегаат од земјите каде што им војни.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан пак, за овие измени рече дека со нив ја заштитува Унгарија, а воедно и Европската унија.
Од почетокот на годината во Унгарија илегално влегле околу 70.000 луѓе воглавно преку границата со Србија.




