НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Предлог-буџетот на Собранието за 2016 година 813 милиони денари

0
By Нова ТВ on July 6, 2015 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија денеска го усвои Предлог – буџетското барање за 2016 година, според кој проектираните средства што му се потребни на Парламентот за следната година се на ниво од 813.130.000 денари.

Раководителот на Секторот за финансии во Собранието, Богданка Поповска образложи дека проектираните средства се повисоки за 22,3 проценти споредбено со средствата што ги имале на располагање во 2015 година.

– Имајќи ги предвид нашите цели зацртани за 2016 година не можеме да одиме во обем како минатата година, односно потребата на средства за да функционира Собранието се нешто повисоки од она што ги имавме во 2015 година, рече Поповска.

За редовно функционирање на Собранието, односно за плати и надоместоци за вработените се планирани 299 милиони 890 илјади денари, а за патните трошоци и за учество на седници 80 милиони денари. За канцелариите за контакт со граѓаните треба да бидат издвоени 12 милиони 600 илјади денари, за доградба на собраниската зграда планирани се 220 милиони 162 илјади денари, додека за оградата на објектот 15 милиони денари.

Пратеникот Рамиз Мерку побара да се опремат канцелариите на пратеничката група на ДУИ кои, како што рече, немаат услови за работа, на што генералниот секретар на Собранието Жарко Денковски појасни дека собраниската зграда годинава треба да биде завршена и оти канцелариите ќе бидат опремени со нов мебел и нова информатичка опрема.

– Изградбата на зградата на Собранието годинава дефинитивно треба да заврши така што проблемот со канцелариите и со техничката опременост и мебел за кратко време ќе се надмине, рече Денковски.

На денешната седница беше усвоен и Стратешкиот план на Собранието за периодот 2016-2018 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Денови на европско наследство 2025 посветени на архитектурата

September 2, 2025

Над 12 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување во нивната околина

September 1, 2025

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025

Во Србија се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во која загинаа 16 луѓе

September 1, 2025

Продолжува уривањето на дивоградбите и на албанското крајбрежје – Рама најавува и нови мерки

August 31, 2025
ФОКУС

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

ВЕСТИ September 1, 2025

Нема краток пат до евроинтеграцијата – потребни се лидери за кои реформите се над секојдневните…

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Кочани: 20-ти Марш на ангелите: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли

August 31, 2025

Украинската војска погоди две рафинерии за нафта во Русија – детонации, пожар и штета на објектите

August 30, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.