Европските берзи паднаа на отварањето денеска откако гласачите во членката на еврозоната – Грција ги отфрли барањата за штедење од меѓународните кредитори, јавува гласот на Америка на македонски јазик.
Сепак, по брзиот пад од околу два проценти, европските пазари се опоравија и застанаа на 1,5 проценти загуба во размената до средината на утрото.
Во Азија, јапонскиот индекс Никеи изгуби повеќе од два проценти на затварањето, додека Ханг Сенг од Хонг Конг падна за повеќе од три проценти. Јужнокорејскиот Коспи исто така беше низок, заедно со пазарите во Сиднеј и Велингтон.
Пазарите на главното копно на Кина, донекаде изолирани од светските пазари, на почетокот покажаа големи добивки во понеделникот по неодамнешните големи загуби, но индексот Шангај композит на крајот заврши со 2,4 проценти.




