Published: Tuesday, July 7, 2015 09:30
Поранешниот министер за правда на САД, Ерик Холдер смета дека американските власти би можеле да се согласат да склучат вонсудски договор со поранешниот соработник на американските тајни служби Едвард Сноуден, според кој тој би се вратил во земјата и би соработувал во истрагата.
На прашањето дали Министерството за правда на САД е подготвено да дозволи да се врати и да смета на полесна казна, Холдер вели таква можност постои.
– Навистина сметам дека има одредени основи за решение, кое би ги задоволило сите, рече тој.
Сноуден во моментот престојува во Русија со времена дозола од три години, откако властите на САД му го укина пасошот.




