Белата куќа ги повика челниците на ЕУ, да пронајдат компромис за да ѝ овозможат на Грција да остане во еврозоната.
„Референдумот е завршен, но нашата визија останува иста“, изјави портпаролот на Белата куќа, оценувајќи дека е во интерес на двете страни да пронајдат решение кое би ѝ овозможило на Грција да остане во еврозоната.
Америка повикува на низа реформи и финансирања кои ќе и овозможат на Грција да биде на патот на одржливото управување со својот долг, но и одржливиот раст.
Американскиот министер за финансии, Џек Ли разговарал телефонски со грчкиот премиер Алексис Цирпас, како и со својот нов грчки колега Евклид Цакалотос, и ја повторил пораката на претседателот Обама во која се бара од Атина и од нејзините доверители да најдат “конструктивен излез“ од ситуацијата.
Во исчекување на клучниот самит закажан за вечерва, европските челници се поделени околу продолжувањето на преговорите со Грција, којашто се наоѓа во извонредно тешка финансиска ситуација.




