Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнува судењето за трикратното убиство во Кавадарци

0
By Нова ТВ on July 7, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 7, 2015 15:28

Во Основниот суд во Велес на обвинителна клупа утре ќе седне Тони Станоев, обвинет за трикратно убиство во Кавадарци, од ноември 2014 година, кога ги застрела родителите на неговата сопруга и нејзината сестра.

На Станоев ќе му се суди за три кривични дела „убиство“ за кои му се заканува казна затвор од најмалку 10 години до доживотен затвор, за убиството на Снежана, Билјана и Илија Л.

Според обвинението што беше поднесено на почетокот на мај, од страна на јавниот обвинител во Велес, Станоев ќе одговара за тројното убиство кое го извршил на 09.11.2014 година околу 16.00 часот во куќата на родителите на неговата поранешна сопруга.

Истрагата утврдила дека тој отишол во куќата на родителите на екс сопругата, да разговара со неа, но таа во тој момент била на работа во Основниот суд во Кавадарци, а дома била нејзината сестра и родителите.

Почнале да се расправат меѓу себе, а по меѓусебното туркање и влечење, на Станоев му паднал пиштолот со кој пукал во мајката и сестрата на неговата поранешна сопруга.

Откако пукал во нив, се качил на катот од куќата и испукал еден куршум во таткото на неговата поранешна сопруга.

Родителите починале веднаш, а сестрата со тешки повреди била пренесена во болница каде што починала.

Тони Станоев по убиството избега а беше фатен 2-3 дена подоцна во близина на гробиштата во Кавадарци.

Од тогаш е во притвор, а врз него било извршено и психијатриско вештачење кое утврдило пресметливост и истото ќе се користи како доказ во постапката.

Во текот на истрагата утврдено е дека сега обвинетио повеќе пати бил пријавуван за упатување закани кон свои блиски и кон блиските на неговата сопруга, како и дека бил извршител на семејно насилство кон сопругата.

Од апсењето Станоев е во притвор, од каде што треба да биде донесен и на утрешното судење во велешкиот суд.

Во меѓувреме, по спроведена постапка, пред судовите во Велес и Кавадарци беа осудени на услови и парични казни полицајци од полициската станица во Кавадарци и тим од Центарот за социјални работи во Кавадарци, кои не презеле мерки по пријавите за семејно насилство и не му го одзеле оружјето со кое подоцна беше извршено убиството.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.