Ангела Меркел откако денеска ќе има средби во Тирана, вечерва ќе допатува во Белград каде ќе има средба пак со српскиот премиер Александар Вучиќ.
Канцеларката на Германија во четврток ќе има и разговори со српскиот претседател Томислав Николиќ, а според најавите за време на посетата на Белград ќе се состане и си претставници на цивилниот сектор.
Меркел во Белград доаѓа од Тирана, а во четврток ќе го посети и Сараево. Во пресрет на посетата на Тирана, Белград и Сараево, таа изјавила дека отворањето на преговарачките поглавја со Србија се поврзани и со напредокот во односите меѓу Белград и Приштина и истакнала дека и покрај потешкотиите во регионот, сепак, постои напредок.
Говорејќи за односите меѓу Србија и Албанија, германската канцеларка оценила дека тие се како „светлина и сенка“ и дека постои надеж дека ќе има подобра соработка, потсетувајќи на посетата на албанскиот премиер Еди Рама на Белград.
Германската канцеларка исто така оценила дека во Босна и Херцеговина политичката состојба се уште стагнира и дека оваа земја се уште не поднела кандидатура за членство во ЕУ.




