Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УНХЦР:Над 4 милиони бегалци од Сирија се соочуваат со кратење на помошта

0
By Нова ТВ on July 9, 2015 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 9, 2015 21:19

Бројот на бегалци кои што бегаат од конфликтот во Сирија кон соседните земји веќе го надмина бројот од четири милиони, со што се потврди дека оваа криза е најголемата криза со бегалци во светот во речиси четврт век под мандатот на УНХЦР, соопштуваат од седиштето на УНХЦР во Женева.

Со новопристигнатите бегалци во Турција и со ажурираните податоци на турските власти за веќе присутните бегалци, вкупниот број сириски бегалци во соседните земји се искачи на повеќе од 4.013.000 луѓе. Дополнително, најмалку уште 7,6 милиони лица се раселени внатре во Сирија, многу од нив се во тешки услови и во тешко достапни места.

„Ова е најголемата бегалска криза на еден конфликт. Се работи за популација на којашто ѝ треба поддршката од светот, но наместо тоа живее во тешки услови и тоне подлабоко во сиромаштија“, рече Високиот комесар на Обединетите Нации за бегалци Антонио Гутерес.

Трагично и без да се гледа крајот на војната во Сирија, што сега се води пет години, кризата се интензивира, а бројот на бегалци расте. Прагот од четири милиони доаѓа по само 10 месеци откако беше поминат прагот од три милиони. Со постојната стапка на раст, УНХЦР очекува бројката да достигне околу 4,27 милиони до крајот на 2015-та година.

„Влошените услови насочуваат сè поголем број лица кон Европа и подалеку, но најголемото мнозинство од нив останува во регионот,“ додаде Гутерес. „Не можеме да си дозволиме да ги пуштиме нив и заедниците коишто ги прифаќаат да паднат во уште поголем очај.“

Бегалските текови во јуни 2015 донесоа повеќе од 24.000 лица во Турција од Тел Абијад и другите делови од северна Сирија. Турција е сега дом за околу 45 проценти од сите сириски бегалци во регионот.

Бројката од четири милиони опфаќа 1.805.255 сириски бегалци во Турција, 249.726 во Ирак, 629.128 во Јордан, 132.375 во Египет, 1.172.753 во Либан и 24.055 во другите делови од Северна Африка. Бројката не вклучува повеќе од 270.000 барања за азил од Сиријци во Европа и илјадници други лица од регионот раселени во други земји.

Во меѓувреме, финансирањето на сириската бегалска ситуација стана еднакво загрижувачки проблем. За целата 2015 година, УНХЦР и партнерите побараа 5,5 милијарди американски долари. Сепак, до крајот на јуни, добиени се само околу четвртина од побараните хуманитарни средства. Тоа значи дека бегалците се соочуваат со нови сериозни кратења во помошта во храна и се обидуваат да си дозволат здравствени услуги што можат да им го спасат животот или да ги испратат децата на училиште.

Животот за Сиријците во егзил е сè потежок. Околу 86 проценти од бегалците надвор од камповите во Јордан живеат под границата на сиромаштија, со 3,2 американски долари дневно. Во Либан, 55 проценти од бегалците живеат во засолништа под секакви стандарди.

Надежта за враќање дома се губи насекаде низ регионот со одолговлекувањето на кризата. Бегалците стануваат сè посиромашни, а во пораст се и негативните начини за справување, како детскиот труд, просењето и детските бракови. Конкуренцијата околу вработувањето, земјата, сместувањето, водата и енергијата во веќе ранливите заедници коишто прифаќаат бегалци ја исцрпува способноста на овие заедници да се справат со огромните броеви луѓе и да продолжат да им помагаат, се вели во соопштението на УНХЦР.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.