Published: Saturday, July 11, 2015 18:44
Источната кинеска покраина Зеџијанг е целосно евакуирана поради опасноста од тајфунот Чан-Хом. Повеќе од 865.000 луѓе се евакуирани денеска.
Тајфунот носи ветрови со брзина од 173 километри на час и може да е најголемиот кој ја погодил Кина од 1949 година. Тој ќе предизвика јаки врнежи во Шангај, во источната покраина Анхуим Фуџијан и Џианцу.
Олујата предходно оваа недела ги погоди и Филипините, каде загинаа пет луѓе, а веќе почнала да се чуствува и во Шангај.
Властите повикале 29.000 рибарски бродови да се вратат на пристаништата и објавиле дека се приближуваат бранови со висина од 10 метри.




