Published: Saturday, July 11, 2015 19:16
Во Косово во општина Грачаница се уапсени пет лица кои се осомничени за членство во исламистичката организација Исламска држава, изјави претседавачот на Судот во Приштина, Хамди Ибрахими, пренесуваат медиумите од регионот.
Изутринава биле уапсени тројца а во текот на денот уште двајца.
Портпаролот на косовската полиција изјави дека во 1.40 часот по полноќ полицијата сопрела покрај езерото Бадовац два автомобила, во кои е пронајдено оружје, муниција и материјали, кои ги прикажуваат активностите на ИД.




