Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Голема неизвесност на опстанокот на Грција во еврозоната

0
By Нова ТВ on July 12, 2015 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 12, 2015 12:35

Претседателот на Европската унија Доналд Туск го откажа денешниот самит на 28 лидери на ЕУ.

Туск рече дека само 19-те лидери на еврозоната ќе ги одржат разговорите за кризата во Грција, кои ќе започнат во Брисел во 16 часот по локално време. Разговорите за должничката криза меѓу грчкиот министер за финансии и неговите скептични колеги од еврогрупата беа закажани за 11 часот, во обид да постигнат договор со кој ќе се обезбеди иднината на Грција во еврозоната. Ако не се постигне напредок, би можело да се случи Грција да банкротира и да се сруши надвор од еврозоната.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас сака пакет финансиска помош од 53,5 милијарди евра за да се покрие големиот долг на Грција до 2018 година. Но, претседателот на еврогрупата Јерун Дајселблум денеска рече дека дека се уште има „големо прашање на доверба“ и „кредибилитет“ во однос на ветувањата на Грција.

Премиерот на Малта Џозеф Мускат, кој треба да присуствува на самитот на еврозоната во Брисел, предвиде дека денешниов ден „ќе биде долг ден“.

Доверителите сакаат „поконкретни и пообврзувачки ветувања“ од грчката влада, рече еден европски претставник за АП, додавајќи дека предлозите на Атина се „премалку и предоцна“. Министрите синоќа на вонредниот состанок што по којзнае кој пат е свикан за решавање на кризата во Грција, не се срамеле да покажат колку му се лути на Ципрас додека Атина стои на работ на економската бездна пред отворањето на финансиските пазари в понеделник.

Волфганг Шојбле, германскиот министер за финансии, побара, за време на вчерашниот состанокот на Еврогрупата во Брисел, Грција да ги подобри своите предлози за да добие помош.

Ако тоа не се случи, Грција ќе мора да излезе привремено од еврозоната во период од пет години, тврди германскиот дневник “Франкфуртер aлгемајне цајтунг” врз основа на еден германски документ кој Шојбле го донел на состанокот на Еврогрупата.

Според овој документ, во грчкиот предлог недостасуваат повеќе централни и важни реформи за модернизација на земјата и економски траен развој на подолг рок и условите за нова програма за помош не се исполнети. Според весникот има две можно сценарија. Или Грција излегува од еврото за период од пет години во кој ќе го реструктурира својот долг. Или Атина радикално и брзо ќе го подобри својот предлог.

Претходно претставник на владејачката партија во Грција Сириза изјавил за локалната телевизија „Мега“ дека поставените услови пред Еврогрупата од страна на Германија, за да биде доделена нова помош на Грција, имаат за цел да ја понижат Атина, а нивната вистинска цел е да ја соборат владата на Алексис Ципрас.

„Она што се случува е желбата да бидат понижени Грција и грчкиот народ или да биде соборен од власт Ципрас“, додал Димитриос Пападимулис од Сириза, кој е и заменик-претседател на Европскиот парламент.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.