НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нуланд во Скопје доаѓа за да ја поддржи мисијата на Хан

0
By Борјан Јовановски on July 13, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска во Скопје од Приштина ќе допатува Викторија Нуланд со цел да го демонстрира интересот на САД за состојбите во Македонија и целиот регион. Оваа порака на официјален Вашингтон има за цел да ги демантира сите шпекулации за повлекување на интересите на американската дипломатија од Балканот. Како и турнејата на германската канцеларка Меркел така и оваа турнеја на Нуланд низ регионот имаат за цел да стават јасно до знаење дека сите поважни центри во евроатлантската зона со внимание го следат развојот на состојбите на Балканот во актуелниот фрагилен контекст кој го сочинуваат: кризата во Грција, руско-украинскиот спор и неговите рефлексии врз регионот како и се уште отворените прашања во земјите од Западниот Балкан. Двете турнеи, онаа на Меркел како и оваа на Нуланд се синхронизирани дипломатски активности на ЕУ и САД со цел да се испрати јасна порака за нивниот интерес како во земјите од регионот така и до адреси во Русија, Турција и исламските држави кои во актуелните констелации пројавуваат свои интереси на различни нивоа.

Што се однесува до ситуацијата во Македонија, Викторија Нуланд се очекува експлицитно да ја соопшти пораката за интересот на Вашингтон во однос на евроатланските перспективи на Македонија што подразбира и стриктно почитување на извесни западни вредности и принципи кои се сериозно доведени во прашање особено по обелоденувањето на опозициските бомби.

Нуланд во Скопје ќе ги разочара сите кои од неа очекуваат дека Вашингтон ќе пристапи со поинаква стратегија за решавање на спорот од онаа која веќе ја спроведува ЕУ, дознава НОВА од дипломатски извори. Дипломатскиот притисок кој таа го носи во Скопје ќе биде на двете страни, како кон власта така и кон опозицијата со цел да се обезбеди што поскоро конечен политички договор врз база на документот усогласен на 2 јуни. Ваквата дипломатска активност на Нуланд имплицитно ќе ја испрати и пораката на Вашингтон дека нивните дипломатски активности се во корелација со оние на ЕУ што подразбира поддршка на актуелниот мандат на еврокомесарот Хан за решавање на политичката криза во Македонија.

Како што е познато веднаш по посетата на Нуланд во вторник во Скопје ќе допатува еврокомесарот Хан со цел да го издејствува долго очекуваниот политички договор за излез од кризата. Во меѓувреме во Брисел се поинтензивно се размислува за именување на специјален претставник на ЕУ задолжен да ја набљудува и гарантира имплементацијата на политичкиот договор за излез од кризата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Зеленски ги објави условите пред можни преговори со Трамп и Путин – Русија да престане да убива Украинци и да се согласи на прекин на огнот

ВЕСТИ August 7, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговите цели за самитот САД – Русија за…

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

August 7, 2025

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.