Published: Monday, July 13, 2015 09:14
На само 15 минути пред отворањето на берзите во Европа, Еврогрупата најави дека е најден компромисен договор за решавањето на грчката криза.
Веста прв ја јави белгискиот премиер а потоа тоа беше потврдено од германски владини извори.
Потоа стаса и твит од претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск според кој договорот е постигнат едногласно околу мерките што Грција треба да ги спроведе за да добие трет план за помош. Мерките според Туск треба да бидат сериозни и да донесат финансиска поддршка.
Во моментов е во тек прес конференција на претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер заедно со со претседателот на Советот Туск.




