НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ревизија на буџет: Како и за што се трошеле парите?

0
By Нова ТВ on July 13, 2015 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се поголема буџетска зависност на Фонот за пензиско осигурување, повисоките пензии ги зголемија и буџетските трансфери по овој основ. Раст на трошењата за плати, но лани во споредба со 2013 та се намалиле капиталните раходи кои се сметаат за раzвојна ставка во Буџетот, анализира Порталб . Дел од буџетските корисници пак, и покрај обврската, не доставувале планови за јавни набавки, за вработените , за трошењата. Ова се дел од наодите на Државниот ревизор по извршеата ревизија на Основниот Буџет за 2014 та година.

Како се составувал буџетот

Парите потребни за финансирање на старатешките приоритети потребно е да се предвидат со Фискалната стратегија, која треба да биде усвоена и донесена од Владата најдоцна до 31 ви мај, во тековната година, но според ревизорот овие законски рокови не се почитувани.
“Министерството за финансии, Педлог фискалната стартегија за периодот 2014-2016 година до Владата ја има доставено на ден 19.09.2013 та, со задоцнување од четири месеци“, посочува ревизијата која потоа вели дека износите на одобрените средства биле утврдени со “Буџетскитот циркулар“.

Серија на забелешки упатува ревизијата на адреса на дел од буџетските корисници кои се обврзани во одредени рокови да достават стартешки план, план за јавни набавки, план за пополнети работни места, и потребнит Буџетски циркулар кој содржи податоци за одредените и планираните средства за трошење.

“Дел од буџетските корисници немаат доставено тригодишни стратешки планови кои се основа за подготвување на Буџетот. Планот за систематизирани и пополнети места како и планот за јавни набавки, не се дставени од страна на дел од буџетските корисници“, наведува за Порталб, ревизорот.

Згoлемени исплати за субвенции, инвеститори, избори

Ревизорските наоди за тоа како се полнел и како се празнел Буџетот биле резултат на директен увид на ревизорите во главната Трезорска сметка. Така, анализата покажува дека вкупните раходи во 2014 та година биле пониски за 1,87% во однос на планираните. Еве како се делел буџетскиот колач лани: најголем дел од парите или 22,8% завршиле како трансфери до фонодвите, 18,9% биле потрошени за плати и надоместоци, 13,4% од парите биле наменети за тековни трансфери до единиците на локалната самоуправа. Пвеќе од 9 отосто од буџетот е потрошен за отплата на субвенции и трансфери и близу 10 отсто за капитални расходи. За исплата на главница на долгови и камати се одлеале околу 13 проценти.

Ревизироскиот извештај посочува дека државните фонодови за здравствено осигурување , за пензиско осигурување и Агенцијата за вработување, се повеќе ја зголемуваат зависноста од Буџетот. Дури 84,4% од парите неменети за фонодвите, завршуваат само на адреса на Фодот за пензиско осигурување. Во однос на 2013 та, лани вкупните буџетски трансфери до вонбуџетските фондови биле зголемени за 9,09%, што главно било последица на заголемените пензии за 5%. Раст на годишно ниво има и кај ставката за плати и андоместоци која била зголемена за 2,27%. Лани се зголемиле и буџетските средства кои биле преферлени на име на локалната самоуправа за 2,28%, што спорде ревизорот било резултат на зголемените приходи од ДДВ.

Голем пораст од 15,2% има и кај расходите за субвениции и трансфери.

“Ова зголемување се должи на исплатените средства по основ на субвенционирање во повеќе области и тоа за поддршка на земјоделството, подршка на компании во слободните економски зони, реализација на прокетот “Купи куќа – купи стан“, како и средства за парламентраните и претседателските избори“, се посочува во Извештајот, објавува Порталб.

Додека кај овие раходи се бележи раст, ревизорот констатира дека намалување од 1,72% има кај капиталните расходи во однос на 2013 та година.

Од дадените осум ревизирски препораки во 2013 та година, државниот ревизор информира дека Министерството за финансии спровело четири, една препорака не била спроведена додека три биле во фаза на имплементирање. По извештајот на ревизорт за Буџетот 2014, Министерството за финансии испратило забелешки, д кои дел биле прифатени, дел биле делумно прифатени а дел отфрлени.

„Транспарентност Македонија“ бара транспарентност во јавните финанасии

Ревизорскит извештај предизвика реакција од “Транспарентност Македонија“. Од невалдината организација бараат одговори на неколку прашања:

“Владата и Министерството за финансии повторно покажаа дека воопшто не се заинтересирани да се зборува за фактичката состојба со јавните расходи во 2014 година. Тоа, само по себе, го покажува големиот демократски дефцит на оваа власт. Во оваа смисла, она што особено треба да се истакне е извештајот на ДЗР за усогласеност на основниот буџет за 2014 година.

Мислењето е следно: „Во однос на правната рамка, стратешките документи, постапката за подготовка и донесувањето, управувањето и извршувањето на буџетот, изразуваме мислење со резерва, како и за планирање, евиденција и за реализација на расходите, одливите и приходите и другите приливи во буџетот и за функционирањето на контролните постапки на ИТ-системите“ – се вели во најновиот Билтен на невладината организација, објавува Порталб.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Денови на европско наследство 2025 посветени на архитектурата

September 2, 2025

Над 12 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување во нивната околина

September 1, 2025

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025

Во Србија се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во која загинаа 16 луѓе

September 1, 2025

Продолжува уривањето на дивоградбите и на албанското крајбрежје – Рама најавува и нови мерки

August 31, 2025
ФОКУС

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

ВЕСТИ September 1, 2025

Нема краток пат до евроинтеграцијата – потребни се лидери за кои реформите се над секојдневните…

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Кочани: 20-ти Марш на ангелите: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли

August 31, 2025

Украинската војска погоди две рафинерии за нафта во Русија – детонации, пожар и штета на објектите

August 30, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.