Германската канцеларка Ангела Меркел ја разлути јавноста и стана мета на многу критики поради нејзиниот студен и, како што коментираат тамошните и светски медиуми, бесчувствитенел одноос кон едно девојче – бегалец од Палестина.
Меркел, која што се обраќаше во програма во училиштетот во Росток на панел посветен на политиките кон мигрантите и азилантитекон едно девојче од Палестина кое го искажа стравот на нејзиното семејство од депортација.
На средбата во гимназијата таа се сретна со група на ученици на возраст од 14 до 17 години. Едно од девојчињата, Реем од Палестина, на течен германски и се пожали на Меркел дека таа и нејзиното семејство ќе бидат депортирани наскоро иако во Германија дошле пред 4 години како бегалци.
Таа рече: “Имам цели како секој друг. Сакам да учам како нив … многу непријатно да се види како другите можат да уживаат во животот , а јас не можам. ”
Меркел на тоа и одговори: „разбирам, ти си мило девојче, но политиката е понекогаш тешка“ и дека „илјадници и илјадници бегалци сакаат да дојдат во Германија и тие едноставно не можат да дојдат сите“.
Потоа Меркел продолжи да и зборува дека сега работите ќе станеле поефикасни и процедурите за тоа кои бегалци можат да останат, а кои не, ќе биле побрзи. Додека го зборуваше тоа забележа дека девојчето се расплака. Тогаш тргна кон неа и и рече „Беше одлична, знам дека е тешко за тебе, ама ти одлично ја претстави ситуацијата во којашто многумина се наоѓаат“.
„Злобна“ и „бесчувствителна“ се само дел од описите кои и се придаваат на канцеларката во медиумите и на социјалните мрежи во Германија и светот.




