Алексис Ципрас повеќе не јаде и не спие и мајка му е многу загрижена за него, вели Аристи Ципрас, 73 години, мајката на грчкиот премиер за неделникот Параполитика.
“Во последно време Алексис не јаде, повеќе не спиe, но нема избор, има долг кон народот кој му ја даде својата доверба”, раскажува г-ѓа Ципрас.
Таа загрижено додава дека повеќе не го гледа синот:
“Тој се движи од аеродромот до Парламентот. Нема повеќе време ни да ги види своите деца. И како во овие услови да најде време да ме види мене?”, вели таа.
“Кога зборуваме му велам дека мора да го направи најдоброто за својата земја и да внимава на себе. Тој ми вели да не се грижам и дека се ќе биде во ред”, додава таа.
Младиот премиер има 40 години и минува низ тежок период со преговорите во Брисел и со својата сопствена партија Сириза во кој дел од членовите не се согласуваат со договорот за излегување на должичката криза.




