САД и Куба официјално ги обновија целосно дипломатските односи по 54 години на непријателство, пишува CNN.
Официјално односите се пријателски за прв пат од 1961 година. Сега се очекува отворање на свои амбасади во Вашингтон односно Хавана.
Министерот за надворешни работи на Куба, Бруно ќе патува до Вашингтон, за да ја открие свечено кубанската амбасада и да го крене знамето на островската држава. Настанот ќе биде пренесуван во живо на државната телевизија на земјата.
Кубанска делегација од дипломати, уметници, ветерани од револуцијата и околу 500 гости ќе го одбележат историскиот настан.
Со соопштение САД ќе го промени статусот на застапеноста на Хавана во амбасада. Но славењето и официјалното издигнување на американското знаме ќе мора да почека за државниот секретар на САД Џон Кери, кој официјално ќе ја отвори американската амбасада на церемонијата во август.
За прв пат од 1959 година американски претставник на највисоко ниво ќе ја посети Куба.
По 18-месечни преговори, Барак Обама и Раул Кастро најавија во декември 2014 година, дека ги обновуваат односите. Двајцата одржаа историска средба во Панама во април – прва од ваков вид од 1956 година.
Според американските анкети, мнозинството Американци ги поддржуваат напорите на претседателот Обама да ги подобри врските со Куба.
Белата куќа соопшти дека Обама би можел да ја посети земјата пред да ја напушти функцијата во 2017 година.




