Најмалку 27 лица загинаа и околу 100 други се повредени при бомбашки напад во градот Суруч во југоисточна Турција, во близина на границата со Сирија, соопшти турското Министерство за внатрешни работи.
Оттаму стравуваат дека бројот на жртвите може да се зголеми, а во моментов во локалните болници биле примени околу 100 ранети.
Според турското Министерство, безбедносните сили ги презеле неопходните мерки за безбедност.
Претставник на курдската опозициска Демократска партија на народите вели најверојатно станува збор за терористички напад извршен од бомбаш-самоубиец.
„Хабертурк“ пак јави дека според првичните сознанија од истргата, нападот го извршил бомбаш-самоубиец, припадник на џихадистичката група Исламска држава.
Експлозијата се случила во дворот на Културниот центар „Амара“, во кој се оддржувала конференција. Најмалку 300 членови на Федерацијата на младински асоцијации на социјалистите са наоѓале во културниот центар, каде учествувале во летна акција за помош за обновата на сирискиот град Кобане, кој главно е населен со локални Курди, кои побегнаа во Турција, посебно во Суруч пред офанзивата на ИД.



