Published: Wednesday, July 22, 2015 11:07
Околу 61% од граѓаните во Унгарија се согласуваат со изградбата на привремената ограда на границата со Србија со цел да се запре приливот на бегалци, покажува анкетата спроведена во Унгарија, пренесе балканската Ал Џезира.
Вкупно 27% се изјасниле против оваа мерка, додека 12% не сакале да одговорат на прашањето.
Во истражувањето исто така се наведува дека ставот на испитаниците во голема мерка зависел од нивната политичка определеност.
Така, за изградбата на оградата се изјасниле мнозинството испитаници кои себе си се сметаат за десничари или центристи, како и они кои се сметаат за политички неопределени.
Од анкетираните лица кои се изјасниле како левичари, 32% се изјасниле дека ја поддржуваат оваа мерка на Орбановата влада.




