НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Економски експерти: Македонија помеѓу 24-те земји кои се движат кон банкрот

0
By Нова ТВ on July 22, 2015 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според последните истражувања направени за долгот на земјите во светот, во моментов има 24 земји кои се соочуваат со сериозна должничка криза, а помеѓу нив и Македонија.

Изминатава недела цело време се зборува за долгот на Грција, но како што пишува „Global Research“ банкротот само што не ги погодил и други држави меѓу кои и Македонија, Хрватска и Црна Гора.

Најновата анализа на канадската невладина организација, предупредува дека износот на долгот на сите економии на Земјата според БДП достигнал историски рекорд од 286 проценти.

Тоа, според нив, значи дека секој жител на планетава во овој момент должи по 28.000 долари. Бидејќи речиси половина од вкупната популација во светот дневно живее со помалку од 10 долари, јасно е дека тој долг никогаш нема да биде вратен, а каква ситуација ги очекува најзагрозените земји, ќе се дознае за само неколку години, тврдат канадските аналитичари.

„Единствено можно решение во постојниот систем е плаќањето да се одложува се додека пирамидата од долгови самоиницијативно не се сруши“, сметаат експертите од овој центар и додаваат дека Грција е пример на земја која акумулирала толкав долг, од кој излез речиси не постои.

„Другите европски земји се обидуваат да пронајдат начин Грција трет пат да се извлече, но тоа е исто како долгот од една кредитна картичка да го отплаќате со друга. Виртуелно, сите во Европа се „дават“ во долгови. Државите никогаш во историјата не должеле толку пари, а секој ден тој износ се зголемува“, нагласија тие.

Тешка ситуација во финансиски најзагрозените земји во регионот:

– Македонија
6,1 милијарди евра јавен долг
68,68 проценти од БДП е надворешниот долг
2,1 милион жители
265,370 невработени

– Хрватска
54,4 милијарди евра изнесува надворешниот долг
68 проценти од БДП изнесува тој долг
4,5 милиони жители
259,324 неврботени

– Црна Гора
1,94 милијарди евра изнесува јавниот долг
69 проценти од БДП е надворешниот долг на оваа земја
621.000 жители
47,600 невработени

Како што објавува „Global Research“, под закана од распад на економиите се следниве земји:

– Ерменија
– Белизе
– Костарика
– Хрватска
– Кипар
– Доминиканска Република
– Ел Салвадор
– Гамбија
– Грција
– Гренада
– Ирска
– Јамајка
– Либан
– Македонија
– Маршалски Острови
– Црна Гора
– Португалија
– Шпанија
– Шри Ланка
– Свети Винсент и Гренадини
– Тунис
– Украина
– Судан
– Зимбабве

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Денови на европско наследство 2025 посветени на архитектурата

September 2, 2025

Над 12 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување во нивната околина

September 1, 2025

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025

Во Србија се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во која загинаа 16 луѓе

September 1, 2025

Продолжува уривањето на дивоградбите и на албанското крајбрежје – Рама најавува и нови мерки

August 31, 2025
ФОКУС

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

ВЕСТИ September 1, 2025

Нема краток пат до евроинтеграцијата – потребни се лидери за кои реформите се над секојдневните…

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Кочани: 20-ти Марш на ангелите: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли

August 31, 2025

Украинската војска погоди две рафинерии за нафта во Русија – детонации, пожар и штета на објектите

August 30, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.